Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПоранешен директор на БИА тврди: Откриена е цела мрежа шпиони, а зад Хрватите стојат Германци

Поранешен директор на БИА тврди: Откриена е цела мрежа шпиони, а зад Хрватите стојат Германци

Треба да се открие кои се помошниците за шпионажа на Чедо Чоловиќ, бидејќи не е уапсена само една личност, туку станува збор за откривање на цела мрежа на осомничени. Ова го изјави бившиот директор на Воено-безбедносната агенција Момир Стојановиќ, пренесува „Б92“.

Зборувајќи за случајот на осомничениот за шпионажа, кого Безбедносно-информативната агенција (БИА), во соработка со Вишото јавно обвинителство го уапси во петокот, Стојановиќ за „Политика“ изјавил дека во таквите случаи не може да се бира време на апсење.

– Ако работите на некој случај за шпионски активности, тогаш апсењето следи кога ќе настанат услови за тоа. Односите меѓу Србија и Хрватска се многу комплицирани и сигурно е дека ова апсење нема да допринесе за нивната стабилизација. Со оглед на тоа што во последните 15 години, барем колку што сум запознаен, сме немале ситуација нашите воени и цивилини служби да пресечат шпионска активноста на старите служби, како бивш припадник на службата, ова апсење го доживувам како охрабрувачко, ако тоа наговестува опшределување на нашите служби за безбедност конечно да се занимаваат со она поради кое постојат – смета Стојановиќ.

Тој истакнува дека основната дејност на службите за безбедност сузбивање на информациите и други субверзивни активности насочени кон рушењето на поредокот на Република Србија, откривање и пресекување на терористичките активности, како и прекин на каналите на организитаните криминални групи.

– Ако апсењето на поранешен припадник на војската на Република Српска Крајина наговестување за тоа, тогаш тоа ме радува, но доколку ова апсење е од само маркетиншки или други дневнополитички цели, тогаш тоа е многу лош потег – вели бившиот директор.

За уапсениот се знае само тоа што пренесуваат медиумите, бидејќи никоја од надлежните не изнесол повеќе детали за случајот. Доколку е точно дека станува збор за бивш припадник на војската на Република Српска Краина и Република Српска, кој никогаш не бил припадник на српската војска, тогаш, смета Стојановиќ, не бил во позиција да оддаде некои клучни воени или други тајни податоци.

– Во истрагата треба да се расветли целиот ланец, бидејќи тој не го правел тоа сам. Затоа е неопходно да се утврди зошто го правел тоа, за кои податоци се работи, кои му биле помошници, посредници, врски…овде не станува збор за индивидуално апсење на едно лице, туку за откривање на цела мрежа – вели Стојановиќ.

Јавна тајна е дека тие луѓе се погодни за врбубање од страна на хрватската разузнавачка служба и дека добар дел од нив поминуваат низ информативни разговори, уцени и закани за на крај да работат таму, смета Стојановиќ.

Според него, зад активностите на хрватската разузнавачка служба на Балканот редовно стои активност на германската разузнавачка служба.

– Хрватска на Балканот одработува голем дел од работите на сметка на Германците. Во многу случаи на кои во минатото работеле безбедносните служби, се гледа директната врска меѓу хрватската и германска разузнавачка служба – напоменува тој.