Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПолноќно поставување споменици – албанските дејци се придружија на „Скопје 2014“

Полноќно поставување споменици – албанските дејци се придружија на „Скопје 2014“

Во центарот на Скопје се поставуваат спомениците на албанските дејци од проектот „Скопје 2014“, кои вчера пристигнале од леарницата во Фиренца.

Споменикот на албанскиот деец Пјетер Богдани, во еден часот по полноќ бил истоварен на тревникот во Паркот „Жена Борец“, спроти Собранието. Од Италија пристигнале и другите два споменици, на Неџат Аголи, прв министер за здравство во Владата од 1945 година и на поетот Јосиф Багери. Споменикот на Јосиф Багери викендов ќе биде поставен во близина на новиот Македонски театар, а споменикот на Неџат Аголи треба да биде поставен пред зградата на „Телеком“.

Градоначалникот на општина Центар се спротиставуваше на поставувањето нови споменици и бараше итно повлекување на одлуката за поставување споменици. Исто така, во март годинава тој обвини дека ВМРО врши притисок врз општината, а проектот Скопје 2014 го нарече „перална на пари“.