Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолиција во ССМ – Митревски го проблематизира напуштањето на функцијата

Полиција во ССМ – Митревски го проблематизира напуштањето на функцијата

Вистинска драма се случувала пред влезот на Сојузот на синдикатите (ССМ), кога новиот директор на ССМ, Дарко Димовски со своите соработници дошол да ја презеде новата функција од досегашниот лидер на синдикатите, Живко Митревски, јави Нова ТВ.

Иако го имал в рака решението, Димовски бил спречен да влезе во седиштето на ССМ.

Во настанатата турканица, биле искршени стаклата на влезната врата, по што интервенирирала полиција. По некое време пред вратата се појавил и Митревски, кој побарла неколку часа да ги собере своите работи од канцеларијата по што најавил дека во 15 часот ќе ја предаде функцијата на Димовски.