Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПо Николовски и Царовска, поднесена интерпелација и за Никола Димитров

По Николовски и Царовска, поднесена интерпелација и за Никола Димитров

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за гласање недвореба на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, рече на денешната прес конференција, пратеникот Антонијо Милошоски.

Како јавува „А1он“, Милошоски рече дека оваа иницијатива произлегува од три потези на министерот за надворешни со кои се наштетува на Република Македоија, а тоа се штетното потпишување на Договорот со Бугарија, без никаква дебата со опозицијата, неименувањето на ополномоштен амбасадор во Брисел, односно прекинување на постапката за именување без никаква причина и немањето на категоричен и јасен став за изградба на прифатни центри за мигрантите.