Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПатот околу светот за 80 дена – Жалбата за бомбите два и пол месеци патува до Апелација

Патот околу светот за 80 дена – Жалбата за бомбите два и пол месеци патува до Апелација

И по 2 и пол месеца жалбата на СЈО за издвоените бомби од предметот „Шамари во општина Центар“ не е стасана во скопска Апелација затоа што Кривичниот суд толку време не можел да изврши достава до сите 14 обвинети, јавува „Телма“. Кого се конкретно судските доставувачи не можеле до сега да го најдат и да му ги достават документите нема информација.

„Се уште не е извршена уредна достава на решението на судија и жалбите до сите странки во предметот, со кој како што знаете опфатени се 14 обвинети, како би се исполниле законските претпоставки предметот да биде пратен на постапување пред повисокиот суд. Веднаш штом ќе се добие потврда дека доставата на решението и жалбите се доставени до сите странки и се исполнети законските претпоставки, предметот ќе биде доставен до Апелациониот суд.“

Од Апелациониот суд потврдија дека таква жалба и предмет во нивниот суд воопшто не е пристигната. Од СЈО велат немаат информација до каде е одлучувањето по нивната жалба за која уште на трети февруари годинава информираа дека поднеле на решението на судот со кое дел од доказите се издвојуваат од предметот.

Претходно судијката Татјана Михајлова, ги прифати аргументите на адвокатите дека се работи за докази прибавени на незаконски начин и ги издвои „бомбите“ од доказ од предметот против експремиерот Груевски и екс министерот за транспорт и врски и уште тринаесетмина обвинети за насилство во општина Центар .

Во меѓувреме за тоа дали прислушуваните разговори можат да бидат докази во судска постапка се одлучува на највисоко ниво. Но, врховните судии се уште не пресекоа каква ќе биде судската пракса за употреба на бомбите. Минатата недела по 4-часовна дебата се одложи општата седница а вчера иако беше закажана не се одржа со образложение дека дел од судиите биле болни или оправдано отсутни.

Нема датум кога повторно ќе седнат на заедничка маса и ќе гласаат за рефератите на претседателот Јово Вангеловски за тоа дали СЈО ќе може да ги користи бомбите како докази и дали Зврлевски ќе може да поднесува барање за заштита на законитоста за предметите на Јанева