Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПакистанската престолнина Исламабад погодена од земјотрес

Пакистанската престолнина Исламабад погодена од земјотрес

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала го погоди пакистанскиот град Исламабад.

Од Американскиот геолошки завод соопштуваат дека епицентарот се наоѓал на длабочина од 26 километри, а оддалечен 15 километри североисточно од градот.

Жителите на Исламабад сведочат за моментот на случувањето, во кое зградите силно се занишале. Сѐ уште нема никакви податоци за тоа дали земјотресот предизвикал поголема штета и дали има жртви.