Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимОвошки кои го штитат мозокот од стареење

Овошки кои го штитат мозокот од стареење

Јагодите, боровинките и капините содржат соединенија наречени полифеноли, кои му помагаат на мозокот да ги врши виталните функции. Полифенолите спречуваат акумулацијата на токсични протеини и го штитат од развој на Алцхајмерова болест и Паркинсоновата болест.

Овој заклучок беше направен од страна на истражувачите од Универзитетот во Мериленд, кои го анализирале ефектот на плодовите врз мозокот на лабораториски глувци. Особено внимание тие одвоиле на боровинките и јагодите, кои го чистат мозокот од токсини. Истражувањето траеше два месеци. За овој период научниците ги хранеле глодарите со шумски плодови, при што успеале да докажат дека состојките во нив ги штитат луѓето од мозочни болести.