Friday, May 17, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонОва се најскапите паметни телефони во светот

Ова се најскапите паметни телефони во светот

Изработени од најнеобични материјали, неретко украсени и со злато или дијаманти, а истовремено треба да ги поседуваат и најновите апликации. Токму поради тие причини цените на овие паметни телефони се астрономски! Кога се во прашање паметните телефони со висок квалитет, понудите на „Samsung“ и „Apple“ делуваат најпримамливо, но проблемот е во тоа што поголемиот број од корисниците поседуваат телефон токму од една од овие две компании.

Goldvish-telefonn

На голема жалост на богатите корисници на паметните телефони на компанијата „Apple“, најскапите уреди, чија цена достигнува и до повеќе дестина илјади евра, тие функционираат со помош на оперативниот систем Андроид, бидејќи „Apple“ не им ја дозволува на другите произведувачи употребата на оперативниот систем „iOS“.

Telefon-od-kozeаi-celik 1 t

Всушност, овие паметни телефони во суштина имаат исти карактеристики, како и телефоните кои ги користат „обичните луѓе“, со само неколку дополнителни ексклузивни карактеристики, а повеќето од нив само подобро изгледаат.

Telefon-od-mermer

Можеби телефон украсен со дијаманти и „обложен“ со кожа од алигатор, сепак, би можел да им помогне на потенцијалните купци да ги занемарат обичните карактеристики на паметниот телефон.

telefon so zlato