Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомОткриен нов дел од човечкото тело

Откриен нов дел од човечкото тело

Истражувачи на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вирџинија дошле до неверојатно сознание за сокриен систем на садови кои го нарекле „лимфни садови на централниот нервен систем“, чија задача е да ја исцрпат лимфната течност од мозокот до околните лимфни жлезди.

Студијата е под раководство на Антоан Лувро, кој изјавил дека досега мислел оти ваквиот систем во мозокот не постои, од причина што овие садови се сместени доста длабоко во мозочната кора.

Што навистина се случува со овие лимфни садови? Кога сите други ткива во мозокот се воспалени, молекулите или патогените се дренираат во локалните лимфни клетки, каде што имунолошките клетки се активираат и продолжуваат да се борат во понатамошната битка. Ова откритие може да биде од огромна корист при третирањето на многу болести, како што се мултиплекс склерозата, аутизмот и Алцхајмеровата болест.