Sunday, May 5, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОткажан натпреварот на „Олд Тарфорд“, пронајден пакет со сомнителна содржина

Откажан натпреварот на „Олд Тарфорд“, пронајден пакет со сомнителна содржина

Натпреварот од последното коло во англиската Премиер лига помеѓу Манчестер Јунајтед и Борнмаут е откажан поради дојава за бомба на стадионот „Олд Трафорд“. Непосредно пред почетокот на натпреварот на најголемиот стадион во Премиер Лигата бил пронајден сомнителен пакет, па трибините веднаш се испразниле.

Најпрво биле евакуирани две трибини, односно трибината „Сер Алекс Фергусон“ и „Стерфорд Енд“, па веднаш биле доведени кучиња-трагачи за експлозивни направи кои го пребарале северозападниот дел на стадионот. Натпреварот кој беше закажан за 16:00 часот најпрво беше одложен за 45 минути, за потоа по совет на полицијата и дефинитивно да биде откажан.

Јунајтед против Борнмаут ќе бара победа во последното коло од Премиер лигата за пласман во квалификациите од Лигата на шампионите, но само доколку градскиот ривал Сити биде поразен на гостувањето во Свонси.