Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо го враќа Фердинанд на Олд Трафорд?

Мурињо го враќа Фердинанд на Олд Трафорд?

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо во својот стручен штаб посакува да го доведе поранешниот фудбалер Рио Фердинанд, тврдат британските медиуми. Португалскиот тренер го контактирал поранешниот дефанизвец бидејќи верува дека му се потребни неговите квалитети во работата со младите играчи, посебно бидејќи тој многу добро знае како функционира клубот од „Олд Трафорд“.

Се верува дека Фердинанд ќе ја прифати понудата на Мурињо, бидејќи има намера да започне со тренерска работа, после неколку години работа на телевизија. Фердинанд дресот на Јунајтед го носеше од 2002 до 2014 година, одигра 445 натпревари и постигна осум погодоци, а освои шест титули во Премиер лигата, Лига на шампиони, три Лига купа, шест Комјунити шилда и ФИФА светското првенство за клубови.