Monday, May 6, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиОткажан фестивалот „Viva Riva“

Откажан фестивалот „Viva Riva“

Првиот задарски фестивал на електронска музика, „Viva Riva“, кој своето прво издание го имаше минатото лето, е откажан. Организаторите на овој фестивал по пат на својата „Фејсбук“ страница објави дека поради жалби за бучава ова лето фестивалот нема да добие свое ново продолжение.

„Во однос на тоа дека се уште не сме добиле дозвола за одржување на овогодинешното издание на фестивалот „Viva Riva“ ве известуваме дека се откажуваме од организација за оваа година. Одредени сопственици на апартмани и хотели во близина на фестивалот поднеле жалба за бучава, па градоначалникот одлучил оваа година да нема фестивал“, стои во официјалното соопштение.