Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОДВ Електрик ја започна градбата на фабрика за 1000 вработени

ОДВ Електрик ја започна градбата на фабрика за 1000 вработени

Германската компанија ОДВ Електрик која на почетокот на летото донесе одлука за инвестиција ја започна изградбата на нова фабрика за автомобилски компоненти. Во погоните на ОДВ Електрик кои ќе бидат готови до јуни 2016-та година предвидено е да се вработат околу 1000 лица, а инвестицијата вреди 15 милиони евра.

Новата инвестиција свечено ја одбележаа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо, директорот на „ОДВ Електрик“ Лудвиг Батон и германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер.

od elektik site

Од економскиот тим на владата предводен од премиерот Никола Груевски се многу задоволни од политиките кои ги спроведуваат за креирање на позитивни бизнис клима за странските инвестиции и токму нивниот влез со отворање на нови работни места е значаен за пазарот на трудот во охридско-струшкиот регион каде веќе ќе има две големи фабрики.

– Деловите што ќе се произведуваат во „ОДВ Електрик“ ќе се продаваат во речиси сите земји во ЕУ и во Кина. Најголем нивен купувач во овој момент е „Фолксваген“ со опрема за сите модели, тргнувајќи од „поло“, „пасат„ „шкода“, „бентли“…, а нивните делови ги користи и компанијата „Лада“. Ќе има сериозен извоз од Република Македонија, ќе започнат со десеттина милиони евра, ќе има и сериозен износ на додадена вредност тука во Македонија од неколку илјади евра, оцени Груевски.

Од раководството на ОДВ Електрик се задоволни од условите за работа во Македонија, а тие веќе имаат и превземено погон во ЕМО Охрид со стотина работници во помал обем што беше почетен чекор во реализизацијата на новата фабрика.

od elektik sef

– Фабриката ќе се простира на површина од 5.000 метри квадратни со канцеларии, складишта и инфраструктура. Во првата фаза фабриката ќе има капацитет од 500 вработени, а во втората планираме да го удвоиме производствениот капацитет со што ќе дојдеме до бројка од илјада вработени. ОДВ Електрик има амбициозни планови во Македонија со тоа што планираме да го зголемиме производството, да понудиме различни производи и да пренесеме нови технологии. За да го постигнеме тоа компанијата ќе инвестира во обука и надградба на вработените, рече Батон.

Токму технолошко-индустриската развоја зона во охридско-струшкиот регион станува се поатрактивна за влез на инвеститори поради близината на аеродромот „Апостол Павле“ и границата со Албанија, како и расположливоста на работната сила.