Saturday, May 4, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонОдблиску со Huawei P9 и Huawei P9 Plus – Новите мобилни шампиони

Одблиску со Huawei P9 и Huawei P9 Plus – Новите мобилни шампиони

Huawei P9 и Huawei P9 Plus вчера беа официјално претставени во Лондон, од каде известуваше telefoni.mk. Третата најголема мобилна компанија на светот, кинескиот Huawei, ги презентираше своите најмоќни мобилни уреди во 2016 година. Овие два ѕвера им ќе конкурираат на најдобрите смартфони на пазарот моментално – Galaxy S7 и S7 Edge, iPhone 6S и 6S Plus, како и LG G5.

Дизајнот на куќиштата на телефоните е за пофалба, затоа што се изработени од алуминиум. Со неговите 6.95мм, P9 е потенок од iPhone 6s (7.1мм) и Galaxy S7 (7.9мм). Неговите странични рамки со 1.7мм се потенки од оние на iPhone 6s (4.29мм) и Galaxy S7 (3.07мм). Ќе биде достапен во керамичко-бела боја, светло-златна, розе-златна боја, титаниум-сребрена, мистична-сребрена и престижно-златна боја.

Најмоќниот адут на овие телефони се двете задни камери од 12MP (RGB и монохроматска), кои се развиени во соработка со компанијата Leica, а тоа гарантира висок квалитет на снимените фотографии. Сликите се одлични во услови на слабо осветлување, при што втората камера значително помага за сензорирање на нивото на осветленост со цел да се обезбедат поточни фотки. Двете задни камери имаат 1.25-микронски пикселна големина и широчина на бленда од F/2.2. Предната камера има резолуција од 8MP за снимање на селфи.

Huawei P9 доаѓа со дијагонала од 5,2 инчи и резолуција 1920×1080 пиксели, функционира со 8-јадрен Kirin 950 процесор и има сензор за отпечатоци на прсти, а на пазарот ќе бидат достапни две негови верзии – послаба варијанта со 3GB RAM и 32GB и помоќна верзија со 4GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија. Батеријата има капацитет 3000mAh, има USB Type-C порт за поврзување, стерео звучници од предната страна и Android 6.0 Marshmallow оперативен систем, со EMUI 4.1 корисничкиот интерфејс. Huawei P9 започнува со цена од 680 долари и ќе биде лансиран во одредени земји на 16 април. 
Huawei P9 Plus е опремен со 5.5-инчен Super AMOLED дисплеј и 1080 x 1920 FHD резолуција. Има процесор Kirin 955, доаѓа со 4GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија. P9 Plus има 12MP задна камера и 8MP селфи камера, исто како и P9. Сензорот за отпечатоци е на истото место, а батеријата е малку подобрена со нејзините 3400mAh. Има Android 6.0 оперативен систем, со истиот кориснички интерфејс, а неговата почетна цена изнесува 850 долари.

Двата телефона имаат влез за microSD мемориски картички со капацитет до 128GB и Dual-IC Rapid Charge технологија, со што се доволни само 10 минути полнење за телефонот да работи до 6 часа. Продажбата во Европа ќе започне месецов, а P9 доаѓа со цена 599 евра за 3GB/32GB верзијата, односно 649 ервра за моделот со 4GB/64GB меморија. Huawei P9 Plus ќе се продава за цена од 749 евра.

Извор: telefoni.mk