Saturday, Apr 27, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаОбнова на гробот на Исус Христос во Ерусалим

Обнова на гробот на Исус Христос во Ерусалим

Екипа од експерти започнаа со обнова на стариот гроб во Ерусалим во кој се верува дека е закопан Исус Христос. Ова ќе биде прва обнова на гробот по 200 години, а последен пат вакви работи беа направени во 1810 година.

Обновата на гробот, кој се наоѓа во црквата на Светиот гроб, има за цел да ја засили и конзервира структурата на објектот, што е постојано во допир со посетители, туристи и верници од целиот свет.

Несогласувањата меѓу Грчката православна црква, Католичката и Ерменската црква, за тоа кој да има доминантна улога во овој верски објект и гробот на Исус Христос, предизвика многу пати досега да биде одложен почетокот на градежните работи на реставрацијата.

Градежните работи треба да траат меѓу 9 и 12 месеци, а реставрацијата ќе чини 3,3 милиони долари.

Дел од парите за обновата се лична донација на јорданскиот крал Абдула Втори. До војната во јуни 1967 година, стариот (источен) дел од Ерусалим каде се наоѓаат цркавата и гробот на Исус Христос, беа на јорданската територија во до тогаш поделениот град.

Иако целиот град сега е под контрола на израелските власти, Јорданците и натаму имаат улога во обезбедувањето на муслиманските и христијанските свети места.