Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБританка убиена во Ерусалим, уште две лица повредени во напад со нож

Британка убиена во Ерусалим, уште две лица повредени во напад со нож

Британска туристка денеска е убиена во напад со нож извршен во ерусалимскиот стар град. Жената повеќепати била избодена додека се возела со трамвај. Таа била веднаш хоспитализирана, но подоцна им подлегнала на раните. Израелските медиуми јавуваат дека уште една трудна жена е повредена, како и еден маж.

Локалните медиуми јавуваат дека полицијата го уапсила осомничениот напаѓач. Израелските медиуми јавуваат дека уапсен е осомничениот напаѓач. Наводно станува збор за ментално болно лица од Источен Ерусалим, на возраст од 57 години. Нападот се случи еден ден пред церемонијата Свет оган во Ерусалим, кога се очекува илјадници христијани да го посетат светиот град.