Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОбиколка на Груевски и Тодоров – Продолжува развојот на здравството

Обиколка на Груевски и Тодоров – Продолжува развојот на здравството

Никола Груевски заедно со министерот за здравство Никола Тодоров ги потенцираа сите нови проекти во јавното здравство кои ќе се одвиваат во наредниот период, а опфаќаат реконструкција и доопременување на повеќе болници низ Македонија, како и изградба на нови клиники во населени места како Лабуништа каде има голема потреба од еден медицински центар.

Во Струмица се одвиваат градежни зафати и која заедно со новата опрема ќе достигне инвестија вредна над 7 милиони евра, а се продолжува и со инвестиции во здравствените капацитети во Штип, Прилеп, Куманово, Скопје и Охрид. Освен реновирањето и опремувањето на Охридската болница во моментот се работи на реконструкција и изградба на болницата за белодробни заболувања СВ Еразмо во Охрид каде се инвестираат некаде околу 200 милиони денари.

bolnica

Се врши комплетна реконструкција и на општата болница во Битола при што се инвестираат 107 милиони денари за изградба на енергетска фасада и замена на старите со нови прозори кои што треба да обезбедат заштеда на енергија и треба да се заврши до крајот на годината.

Продолжуваат градежните работи и во Прилепската болница. И таму се одвива комплетна внатрешна реконструкцијавредна 70 м денари, која треба да биде готова кон крајот на август, посочија при денешната обиколка Груевски и Тодоров.