Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмНов фантастичен филм со Леонардо Дикаприо

Нов фантастичен филм со Леонардо Дикаприо

Фановите може да го видат првиот трејлер за The Revenant новиот филм со Леонардо Дикаприо во кој ќе ја видиме приказната за ловец на диви животни кој ќе биде оставен речиси мртов од неговите пријатели, а ќе мора да ги преживее и нападите на Индијанците. Од првите снимки гледаме фантастична работа со камерата на веќе докажаниот режисер Алехандро Гонзален Инариту кој доби и Оскар за Gravity.

the-revenant

Кадрите се фантастични, акцијата е снимена со ефект на 360 степени па може да се видат сите актери во кадарот како се борат меѓусебе со непрестан интезитет. Покрај визуелната импресија очекуваме и врвна актерска игра од Лео Дикаприо, Том Харди и Домхал Глисон. Премиерата на The Revenant е закажана за 25 декември 2015, а дистрибуцијата на 8 јануари следната година.