Tuesday, May 7, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНов албум на групата „С.А.Р.С“

Нов албум на групата „С.А.Р.С“

После пет исклучително успешни студиски и еден албум во живо, новиот албум со симболичен назив „Последен албум“ на групата „С.А.Р.С“ објавен е ексклузивно на „Deezer“. „С.А.Р.С“ оваа година слави 10 годни постоење на регионалната музичка сцена. Бендот се наоѓа на турнеја на која не само што ќе излезе од Балканот туку и од Европа, со тоа што бендот во мај има закажани концерти во Австралија, а договорени се свирки и во Англија, Италија и Швајцарија.

Популарните „С.А.Р.С“ до сега имаат издадено шест албуми и 19 спотови, од кои многу од нив имаат неколку милионски прегледи на „Youtube“, а помеѓу најпопуларните се „Лутка“, „Перспектива“, „То раде“ и други. Спотот за песната глупост од новиот албум, за пет дена на „Youtube“ забележа повеќе од 100.000 прегледи.