Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНема влегување во Грција преку Дојран и Меџитлија

Нема влегување во Грција преку Дојран и Меџитлија

Грчките погранични служби целосно ќе ги затворат граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ со одлука која на сила ќе биде до 15 август годинава. Ова е резултат на новите рестриктивни мерки, па така граѓаните ќе мора да го користат само граничниот премин „Евзони“ и тоа под одредени услови.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за КОВИД-19, доставено е известување дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.08.2020 (сабота)“ соопштија од МВР.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“.