Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНекој од надвор управува со Кривичниот суд, смета Давидовиќ

Некој од надвор управува со Кривичниот суд, смета Давидовиќ

Одлуката Врховниот суд да не прифати ниту еден приговор на судиите кои се незадоволни од новиот рапоред во Кривичен, за адвокатот, Звонко Давидовиќ е доказ дека на некого му одговара, судии кои се дел од „бомбите“ или за кои СЈО бара утврдување на нестручно постапување, да бидат на клучни позиции во скопска единица. Давидовиќ е убеден дека некој од надвор го води Кривичниот суд и составува распоред на судии по нечија желба. Давидовиќ, како што јавува „Алсат-М“, смета дека новиот распоред на в.д. претседателот, Стојанче Рибарев кој е речиси идентичен со оној на неговата претходничка, на СЈО дополнително ќе му ја отежни рабоатат со овој суд.

„Очигледно е, но и фактите покажуваат дека рапоредот е ист, односто кон Специјалното јавно обвинителство е непроменет, луѓето кои работеа и ги одбиваа сите можни предлози на СЈО, пак се на истото место, Врховниот суд носи исти одлуки, дури и се обидува да спинува дека, СЈО сега не соработува и кога ќе видите резултатот е ист, судството е на дното“. – изјави Звонко Давидовиќ, адвокат

Со ваква поставеност на „сваровски“ судии во Кривичен, Давидовиќ е убеден дека следните обвиненија на Специјалнот јавно обвинителство немаат иднина. Катица Јанева ќе се соочи со жесток отпор на судиите кои ќе одлучуваат за притвор во одредени предмети.

„Во ваков состав да, и тоа го покажа праксата. Не само што нема да има притвор, свесни сте дека ниту една обична судска наредба не се спроведува и судот не застанува зад тоа. Срамно е тврдењето на претседателот на Судскиот совет дека судството функционира зошто издало наредба , но судот таа своја наредба не се погрижил да се испочитува“. – објаснува Звонко Давидовиќ, адвокат

Токму поради деградирње на судии од Кривичниот суд, комплететно беше поништен рапоредот на претходната в.д. претседателка, Татајана Михајлова. Откако врховните судии ги прифатија речиси сите приговори на нејзините колеги, таа си поднесе неотповиклива оставка. На нејзино место дојде врховниот судија Стојанче Рибарев. И тој е со статус в.д. шеф. Изготви речиси идентичен рапоред како Михајлова, но Врховен експресно ги одби сите 17 приговори.