Saturday, Apr 27, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноНе штедете ги усните, прославете го Светскиот ден на бакнувањето!

Не штедете ги усните, прославете го Светскиот ден на бакнувањето!

Активирајте се! Денеска бидете дарежливи и подарете што е можно повеќе бакнежи. Секоја година на 6. јули се прославува овој неофицијален празник кој треба да нè потсети на уникатноста и скриените желби зад ова задоволство.

За тоа говорат и безброј факти за бакнувањето. Со него можете да го зајакнете имунитетот, да ги зајакнете мускулите на лицето и да ги ослободите оксидансите – хормоните на задоволство.

А како и да одлучите да го поминете денешниот ден со вашите сакани, еве едно мало предупредување: Доколку изедете чоколадо и се напиете по една чаша вино, ќе мора да се бакнувате точно 1 час за да го согорите тоа што ќе го внесете. Пријатен ден.