Thursday, May 9, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНаскоро компилација на помалку познати нумери од Брус Спрингстин

Наскоро компилација на помалку познати нумери од Брус Спрингстин

Помалку познати нумери од Брус Спрингстин, кои датираат уште од 1966 година, ќе бидат објавени како компилација и аудио-додаток на неговата автобиографија „Born to Run“. Компилацискиот алум го носи насловот „Chapter and Verse“ и ќе биде објавен на 23 септември, четири дена пред излегувањето на книгата.

На албумот ќе се најдат и две нумери од бендот на Спрингстин „The Castiles“ – „Baby“, од 1966 година и „You Can’t Judge a Book by the Cover“ од 1967 година. Тука ќе се најдат и „He’s Guilty (The Judge Song)“ од 1970, „The Ballad of Jesse James“ (1972) и „Henry Boy“. Спрингстин веќе шест години ја пишува својата автобиографија во која го опишува своето детство во Фрихолд, во сојузната држава Њу Џерси.

„Тој живо го опишува својот немилосрден пат кон музиката, со голема искреност за прв пат открива прикзни за личните борби кои ги инспирирале неговите најдобри дела и прв пат покажува зошто песната „Born To Run“ открива повеќе отколки што мислевме“, стои во прес соопштението.