Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНападната и запалена проруската телевизија „Интер“ во Киев, уапсени шест лица

Нападната и запалена проруската телевизија „Интер“ во Киев, уапсени шест лица

Просториите на телевијата „Интер“ во Киев денеска се блокирани бидејќи во зградата претходно демонстранти предизвикаа пожар, тврдејќи дека станува збор за проруска телевизија.

Телевизијата соопшти дека неколку вработени се хоспитализирани поради вдишување чад, а едно лице скршило нога обидувајќи се да избега од пожарот, што бил предизвикан во неделата.

Пред просториите на телевизијата во моментов е поставена метална ограда на која се закачени транспаренти „Гори, Интер, гори!“ и „Русија е овде!“

Демонстрантите, исто така, на оградата поставиле гуми, додека полицијата само набљудува, пренесува Би-Би-Си.

Обидот за палење на телевизијата го осудија Организацијата за европска безбедност и соработка и Меѓународната и европската федерација на новинари.

Украинските медиуми пренесуваат дека вработените денеска се обиделе да влезат во зградата, но дека биле спречени од 50-тина демонстранти.

Локалните власти наведуваат дека во врска со пожарот се уапсени шест лица.

МИА