Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗакани по животот на Заев и Шеќеринска на протестите „За заедничка Македонија“

Закани по животот на Заев и Шеќеринска на протестите „За заедничка Македонија“

Апелите за смирување на состојбите кои дојдоа и од меѓународната заедница и од политичките партии не допреа до демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“. На вечерашниот 71 протест, во првите редови на маршот можеше да се забележи голем транспарент на кој беа нацртани бесилки покарј пораката „За Рада ролка, за Зоки машна“. А покрај оваа закана, на истиот транспарент испишани беа вулгарни зборови кон филантропот и милијардер Џорџ Сорос, за кого демонстрантите тврдат дека сака да ја „разнебити“ земјава.

Оваа порака од протестот наиде на остри критики на социјалните мрежи. Активисти и јавни личности ги осудија заканите и повикаа на смиреност за да не дојде до нови инциденти.

На протестите кои траат повеќе од два месеци се случија неколку напади врз новинарски екипи, а насилствата кулминираа со упадот во Собранието, кога беа претепани пратеници, новинари и вработени во законодавниот дом. Но и покрај ова, организаторите на речиси секој протест тврдат дека иницијативата „За заедничка Македонија“ е непартиско здружение на граѓани, кое мирно протестира против т.н. тиранска платформа.