Saturday, May 18, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноНа 55 годишна возраст и се посреќило со тројка

На 55 годишна возраст и се посреќило со тројка

 

Англичанката Шерон Катс, на педесет и петгодишна возраст неодамна родила три близначиња, откако поминала третман за вештачко оплодување. Истата и нејзиното четириесетодишно момче Стјуард заминале во Кипар за оплодувањето, бидејќи според законите во Велика Британија, таа е престара за вештачко оплодување. Со ова, Катс стана најстарата мајка на деца – тројка во Велика Британија.

Инаку, Шерон веќе има четири деца кои се веќе пораснати и возрасни луѓе, но сепак сакала уште еднаш да стане мајка и да има заедничко дете со Стјуард.Близначињата Мејсон, Рајан и Лили се родени со царски рез на 21 март во Нотингем.