Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМВР: Пратеникот на СДСМ не е тепаниот, туку тепачот

МВР: Пратеникот на СДСМ не е тепаниот, туку тепачот

Едно лице е полесно повредено во инцидентот кој синоќа се случил во ресторанот „Палас “ лоциран во нас. Вера Которка во Куманово.

Како што информираат од МВР, ноќва околу 01.00 часот во СВР Куманово телефонски се јавило лицето М.Б. – вработен во ресторанот и пријавил нарушување на ЈРМ.

Веднаш потоа лицето З.А телефонски пријавил дека во наведениот ресторан, неговиот син В.А физички бил нападнат од страна на лицето М.Д од Куманово, кој во два наврати му удрил тупаници во пределот на лицето при што му нанел видливи повреди.

Полициските службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна, но по кратко време кога музиката престанала, истиот се упатил кон оркестарот за да праша зошто запреле, и му се приближило лицето М.Д кој исто така бил на семејна прослава, и во присуство на повеќе гости го удрил во пределот на лицето два пати со што му нанел телесни повреди. При превземање на потребните мерки и активности обезбедени се лица сведоци кои биле присутни за време на настанот кои го потврдуваат истиот.

Пријавениот настан е расчистен и против сторителот М.Д ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходно денеска СДСМ објави дека нападот бил врз нивниот пратеник Максим Димитриевски, но повеќе сведоци за кумановската полиција го потврдуваат токму спротивното.