Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМосква: Санкциите врз Крим се дискриминаторски

Москва: Санкциите врз Крим се дискриминаторски

Советот на Европската Унија донесе одлука за продолжување на сила на економските санции врз Крим, регионот кој неодамна се припои во Руската Федерација. Евробирократите продолжуваат да применуваат тешки рестрикции врз самопрогласените руски територии и ќе има забрана за увоз и извоз на стоки кон европските држави се до 23 јуни 2016-та година. Крим е регион кој најмногу ќе биде погоден во областа на туризмот бидејќи забрането е организирано патување на туристи од Европската Унија и сите држави кои ги подржаа санцкциите.

CRIMEA-Sactions

Москва незадоволна

Властите во Москва дадоа јасна изјава дека санкциите врз Крим се неприфатливи и дека со овој потег им се нанесува голема економска штета на граѓаните. Од руското министерство за надворешни оценија – „ Сметаме дека сите санкции врз населението на Крим и Севастопол базирани на политички мотиви се целосно неоправдани и дискриминаторски“.

Putin-in-Sevastapol

Цената на војната

Санкциите се однесуваат и на Севастопол, еден од главните украински градови во Кримскиот полуостров контролиран од руските бунтовници кои бараат право на самоопределување. Војната во Украина однесе илјадници животи, вклучувајќи голем број на цивили и цела армија на „духови“ за која има сомнежи дека се активирани под директна команда на Кремљ.

crimea2

Подготви
Христијан Станоевиќ