Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМолдавија: Се урна романски хеликоптер, четири жртви

Молдавија: Се урна романски хеликоптер, четири жртви

Во селото Харагас во Јужна Молдавија, денес се урна хеликоптер на романската итна помош, при што четири лица го загубија животот. Американските медиуми пренесуваат изјава од првиот човек на Харагас, Јуриј Балануте, кој истакна дека хеликоптерот се урнал поради густа магла и дека паднал во блиската шума.

Портпаролот на итните служби на Романија – СМУРД, Георге Хангану, изјави дека хеликоптерот превезувал болно лице од ова подрачје во главниот град на Молдавија, Кишењев.