Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСолзавец за време на прославата на денот на независноста во Молдавија

Солзавец за време на прославата на денот на независноста во Молдавија

Полицијата во Молдавија пуштила солзавец за да ги растера антивладините демонстранти за време на парадата на Денот на независноста на таа некогашна советска република. Повеќе стотици демонстранти се собрале во близина на главниот плоштад во Кишињев, главниот град на Молдавија, а многу од демнострантите упатувале пораки од типот „Крадци“, „Засрамете се“ и слично.

На неколку граѓани им било дозволено да влезат на плоштадот со силно полициско обезбедување. Според тамошните информации, во денешните конфликти немало повредени. Молдавија славела независност од СССР, прогласена на 27 август 1991 година. Според податоците објавени нешто порано оваа недела, повеќе од четвртина граѓани на Молдавија емигрирале поради работа.