Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМладиот штипски фудбалер замина на проба во Осијек!

Младиот штипски фудбалер замина на проба во Осијек!

Младиот штипски фудбалер и репрезентативец на Македонија до 17 години е пред трансфер во клубот од Хрватска.
17800097_10207081911686588_2352516270910503289_n

 

По натпреварот во Штип против Победа, 17 годишниот Бојан Миовски замина во Осијек. Тој го постигна првиот свој гол за екипата на Брегалница, а како што известуваат од клубот не било случајно неговото заминување во Осијек. Тој е цела недела таму на проба и ако биде се како што треба тој ќе потпише договор со клубот а Брегалница ќе добие обештетување. Од клубот најавија дека Миовски ке биде во првиот тим против екипата на Шкупи. Дали ќе има трансфер на младиот Миовски во Хрватска ке видиме до крајот на сезоната.