Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмМислеле дека глуми: Познат актер се удави среде снимање на серија

Мислеле дека глуми: Познат актер се удави среде снимање на серија

Еден од најомилените телевизиски актери од Бразил, Домингос Монтагнер (54), се удавил во река додека снимал сцени од една популарна бразилска сапуница. Тој заминал на капење со колешката Камила Питања по целодневното снимање, а актерката вели дека го одвлекле силните речни струи.

Камила врескала и повикувала помош, но локалното население не реагирало веднаш, мислејќи дека станува збор за глума, и дека тие двајца, всушност, снимаат сцена. Четири часа подоцна, спасувачите го извлекле телото на актерот од водата на 300 метри од местото каде што се удавил.

Медиумите пишуваат дека во градот Канинда, каде што се случила несреќата, секоја година, во просек, се дави по едно лице.

Монтањер е роден во Сао Паоло и работел во циркус, пред 2008 година, кога станал актер. Неговиот последен филм, „Момче за мојата сопруга“, е објавен пред две недели.

Актерот зад себе ја оставил сопругата Лусијана Лима со која бил 14 години во брак и имаат три деца.

Веста за трагедијата ги растажила неговите фанови, колеги и целата латиноамериканска јавност.