Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМИОА: Субвенциите не се за наклонетост на медиумите

МИОА: Субвенциите не се за наклонетост на медиумите

Целта на субвенционирање на проектите не е купување на наклонетоста на медиумите, туку стимулирање и помагање на домашното медиумско производство, заради поголема квалитативна програмска понуда на гледачите, рагира Министерството за информатичко општество на информациите што ги изнесе Здружението на новинари на Македонија.

„Станува збор за исплата на надоместок за покривање на трошоците во висина од 50% при производство на домашната документарна програма и на домашната играна програма. Изминатите неколку години, македонските национални медиуми и јавниот сервис произведоа сопствена програма, која ја збогати програмската понуда со нови видови на содржини кои обработуваат различни области од нашето општествено живеење, со теми од историјата, културата, традицијата и фолклорот, потоа детска програма, како и производство на играна програма која дотогаш и да ја немаше во медиумите“, се наведува во соопштението од МИОА.

На јавниот повик, како што се додава, учествуваат сите национални тв куќи, без оглед на нивната уредувачка, програмска или политичка определба, а досега не е евидентирана ниту една забелешка или тужба од нивна страна.

Министерството истовремено ги демантира и информациите за исплатените средства на медиумите.

„Од податоците и фактите изнесени на денешната прес-конференција (на ЗНМ) очигледно е дека Насер Селмани сега, како и обично, не зборува вистина и дека тој лично нема интерес да се негува македонската култура и традиција“, пишува во реакцијата од МИОА.