Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМилиони луѓе во Индија го одбележаа денот на јогата

Милиони луѓе во Индија го одбележаа денот на јогата

Повеќе милиони лица во Индија учествуваа во одбележувањето на Меѓународниот ден на јогата, додека на тој масовен час по јога со 30.000 ученици и други жители во северниот град Чандигар се приклучи и премиерот на Индија Нарендра Моди. Пред почетокот на вежбањето, Моди ги повика луѓето да ја вклучат јогата во своето секојдневие и истакна дека вежбањето јога, која настанала во древна Индија, не прави разлика меѓу богати и сиромашни и е достапна за секого.

„Јогата обезбедува здраввје за секого без никакви трошоци за истото, при тоа не прави никаква дискриминацција меѓу богати и сиромашни. Вакви слични часови по јога се организирани и во останатите градови и села ширум Индија. Минатата година, обединетите нации го прогласија 21 јуни за Меѓународен ден на јогата.

Јога-2

На ѕидот на зградата на Обидинетите нации во Њујорк беа проектирани разни пози во јога за да се истакне улогата која таа вештина може да ја има во остварувањето на цели за одржлив развој на меѓународната организација.