Милијардерот од Snapchat ќе се жени со Миранда Кер
Младиот милијардер Еван Шпигел ја најави венчавката со неговата свршеница Миранда Кер која е една од најатрактивните манекенки во изминатите години и главен „ангел“ на Викторијас сикрет.
За жал Кер свршеничкиот прстен го покажа на Instagram, а не на популарната апликација Snapchat чиј основач е токму Шпигел. Да постетиме дека тој одби 4 милијарди долари за преземање од Facebook и сега неговата компанија е проценета за 10 пати повеќе.
Миранда претходно беше во брак со актерот Орландо Блум со кого има и син.