Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Свежото време ќе се задржи

Метео: Свежото време ќе се задржи

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 7. Температурата ќе се движи од 18 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, a максималната температура ќе достигне до 24 степени.