Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Студен и дождлив понеделник

Метео: Студен и дождлив понеделник

Малото викенд разведрување на времето нема да продолжи и на почетокот на оваа недела бидејќи денес не очекува нешто постудено време пропратено со повремени врнежи од дожд. Максималните температури ќе достигнат до 16 степени, а утрото ќе помине со едноцифрени температури ширум државата. Мало разведрување очекуваме попладне кога ќе биде облачно, но без посериозни врнежи на дождови.