Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМетео: Променливо со пад на температурите

Метео: Променливо со пад на температурите

Времето денес ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Дневните температури ќе забележат поголем пад и ќе изнесуваат под 30-от степен. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје не очекува слично променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 24 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, но во сабота се уште со повремено засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура ќе продолжи постепено да расте.