Sunday, Apr 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмМел Гибсон: Не ми е јасно како некој може да даде толку пари за филм

Мел Гибсон: Не ми е јасно како некој може да даде толку пари за филм

Како што стојат работите се чини дека Мел Гибсон со својот талент за режисер успеал да ги надмине контроверзите кои го следеа последните десет години, но не можеше да одолее, а повторно да не каже нешто. Во ново интервју тој жестоко го критикуваше овогодинешниот блокбастер „Batman V Superman: Dawn of Justice“.

Зборувајќи за релативно скромниот буџет со кој располагал неговиот нов филм кој доби 10-минутни овации на филмскиот фестивал во Венеција, а кој изнесува 40 милиони долари, Гибсон изјави дека не разбира како некои филмови можат да чинат повеќе пари од таа сума. Буџет поголем од 200 милиони, според негово мислење, не е вреден за инвестиција.

„Ги гледам и размислувам. Навистина ме збунуваат. Мислам дека тоа се многу фрлени пари, но можеби и јас би трошел толку кога би работел со оние зелени камери. Ми се чини дека филм може да се сними за многу помалку пари. Потрошите скандалозна сума од 180 милиони или повеќе.. навистина незнам како ги враќаат тие пари кога ќе платите даноци и кога ќе ги исплатите актерите. Што потрошија на „Batman V Superman: Dawn of Justice“?“, се запраша Мел Гибсон.