Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмФилм на Мел Гибсон во Венеција предизвика 10-минутни овации!

Филм на Мел Гибсон во Венеција предизвика 10-минутни овации!

Драмата „Hacksaw Ridge“ на Мел Гибсон доби 10-минутни овации на фестивалот во фимскиот фестивал во Венеција, што е вистинска рекотст за фестивалите од овој тип. Според пишувањата на медиумите, после шест минути овации, Гибсон и актерите Ендрју Гарфилд, Винс Хон, Хуго Вивинг, Тереза Палмер и Лук Брејси излеге пред публиката.

„Hacksaw Ridge“ го отсликува реалниот живот на Дезмонд Т. Дос, пацифист кој се повикал на приговор и покрај тоа што не бил вооружен успеал да спаси 75 војници во Окинава без насилство. Гарфилд, кој ја толкуваа оваа улога вели дека Дезмонд Дос е едноставен човек. „Знаеше длабоко во себе дека не смее да му го одземе животот на некој друг човек“, изјави Гарфилд на конференцијата за новинари.

„Hacksaw Ridge“ претставува голем влог за Мел Гибсон и режисерот во Венеција се потруди да не предизвика никакви контроверзии. Затоа го избегна одговорот на прашањето дали филмот со протагонистот кој го мрази оружјето претставува одговор на дебатата околу контрола на вооружувањето во САД.