Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонските рурални училишта згаснуваат

Македонските рурални училишта згаснуваат

 

Масовното иселување  со кое во континуитет, се соочува Македонија, не го одминува и струмичкиот регион. Струмица и струмичани, важат за големи печалбари, уште од времето на поранешната заедничка држава СФР Југославија. Денеска, како резултат на депопулацијата преку иселувањата голем број на училишта се затворени. Некогаш, овие училишта, биле полни со детски џагор, денес се испустени. Трендот кој го зафати струмичкиот крај, нема изгледи дека ќе сопре. Судбината на основното училиште во струмичкото село Габрово, ќе ги снајде и останати струмички села.

 

Со солзи во очите и носталгија за времињата кога школскиот двор бил исполнет со деца и нивниот џагор. Вака помина првиот училишен ден за пензионираниот наставник Боро Пандев од струмичкото село Габрово. За прв пат откако постои училиштето неговите врати останаа под клуч, а наставата не започна, но не поради пандемијата туку поради фактот што годинава овде нема ниту еден ученик. Учителот Боро, како што го знаат сите вели во минатото имало и над 120 уленици, но како почнало иселувањето во европските држави така секоја година се намалувал и бројот на деца кои се запишуваат тука.

Учителот Боро во ова училиште поминал скоро 4 децении. Бил одговорен за 24 генерации на  деца. Кога условиоте беа полоши имавме многу деца, сега кога училиштето е реновирано и опремено по сите стандарди вратата остана заклучена.

Годинава во Габрово има само еден ученик во петто одделение. Но, по желба на родителите пред се поради неговата социјализација детето е испишано и запишано во соседното Колешино.

Веќе следната година во Габрово ќе има едно прваче. Од управата на училиштето Маршал Тито, но и од самото село се надеваат дека токму тоа ќе биде причината во ова училиште повторно да се слушне училишното ѕвонче, а вратите на школската зграда да бидат отворени како што изминатиот половина век.