Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМакедонскиот поет и преведувач Никола Маџиров прогласен за национален уметник за 2016 година

Македонскиот поет и преведувач Никола Маџиров прогласен за национален уметник за 2016 година

Комисијата составена од академиците Митко Маџунков и Вера Битракова Грозданова, проф. м-р Тања Вујисиќ-Тодоровска, актерот Петар Темелковски и проф. Беди Ибраими едногласно го избраа Никола Маџиров за национален уметник за 2016 година.

Маџиров е еден од најистакнатите македонски поети и преведувачи од помладата генерација, кој со своето постојано и активно учество на врвни меѓународни книжевни фестивали во последните години дава значаен придонес во афирмацијата на новата македонска книжевност во светот. Неговата поезија е објавена во над 50-тина држави во светот, во Европа, САД, Азија, Африка, Латинска Америка во Австралија и е преведена на 41 странски јазик. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за поетската книга „Преместен камен“ (2007), Европската поетска награда „Хуберт Бурда“ и „Левју литерер“.