Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонија со најголем број на новозаразени од Ковид-19 за едно деноноќие-225

Македонија со најголем број на новозаразени од Ковид-19 за едно деноноќие-225

Македонија го сруши рекордот на новозаразени од Ковид-19 пандемијата, за едно деноноќие. Еден ден, по започнувањето на новата учебна година, која за прв пат почна во вонредни услови, за прв пат бројката надмина над 200 новозаразени.

 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 225 нови случаи на Ковид-19, во 1.694 направени тестирања во:

Скопје-96, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-17, Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4.

Во болнички услови се починати шест лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450.

• Кратово 26, активни 2

 

 

Направените 1.694 теста се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-333, Биотек-138, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со PCR метода -156, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-74 Инфективна клиника-4, ГАК-14, Синлаб-27, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.