Sunday, May 5, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМакедонец го презеде тимот на „црвено-белите“

Македонец го презеде тимот на „црвено-белите“

Бошко Ѓуровски се врати на клупата на Црвена Ѕвезда. Тој ќе биде новиот тренер до крајот на сезоната, по оставката на Миодраг Божовиќ што ја поднесе вчера на пресконференцијата.
BA60C7A8A29B1749BB7716012D3E2A2B

 

„Бев изненаден на тој прв повик, но не можев да одбијам. Ѕвезда едноставно не се одбива. Должен сум кога можам да му помогнам на клубот. Не само јас, туку и сите ние кои што го оставивме срцето на терен. Договор не потпишав. Останувам пет натпревари, а за понатаму ќе видиме. Голема благодарност до Црвена Ѕвезда. Ова за мене е голем предизвик, но јас не се плашам од предизвици“, изјави Бошко Ѓуровски.

Бошко Ѓуровски има настапувано за Црвена Ѕвезда во периодот од 1978-1989 година, одигра 237 натпревари а постигна 41 гол играше во одбраната. Тој во 2007 година седна на клупата на Црвена Ѕвезда и ја предводеше до крајот на сезоната. На чело на Македонската репрезентација се задржа во период од 2013-2015 година.