Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилм„МакеДокс“ ќе пулсира во ритамот на животот

„МакеДокс“ ќе пулсира во ритамот на животот

Филмовите „Ритам и звук“ од Трајче Попов (Вардар филм, 1955 година) и „Солта на земјата“ на Вим Вендерс и Џулијано Рибеиро Салгадо  денеска  во Куршумли ан ќе го означат почетокот на шестото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Мотото на фестивалот е „Рум-да-да, дум-та-дум-да”

Предвидени се седум фестивалски вечери, а проекциите ќе се одвиваат на три локации во . Куршумли ан, Младинскиот културен центар (МКЦ) и Меморијалниот Музеј на холокаустот.

makedoks-01 - Copy

И годинава во МКЦ нема да изостанат филмови од студентите од Факлутетот за драмски уметности кои најдобро го доловуваат животот за време на студентските денови.Младинскиот културен центар ќе овозможи проекции под отворено небо, а освен премиерните проекции ќе има и реприза на филмовите од глевната програма од Куршумли Ан со почеток во 21:30. Програмата вклучува и две бесплатни  проекции на 21 и 25 јуни во Музејот на холокаустот со почеток во 19:30 часотОвој фестивал не ги заборава и најмладите.  Од предвидените три музички работилници, една ќе  биде посветена на децата. Истата ќе се одржи во МКЦ, од 22 до 24 јуни од 12 до 15 часот.