Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦMicrosoft го купува LinkedIn

Microsoft го купува LinkedIn

Американскиот софтверски гигант, Мајкрософт објави дека потпишал договор за купување на социјалната мрежа ЛинкдИн за 26,2 милијарди во готовина. Оваа професионална социјална мрежа има 433 милиони членови. Се очекува договорот да биде завршен подоцна годинава, а понудата е 196 долари по акција. Тоа е 50 проценти повеќе отколку што изнесуваше вредноста на акциите на ЛинкдИн претходниот петок, јави Гласот на Америка.

Од Мајкрософт велат дека ЛинкдИн ќе си го задржи името и независноста. ЛинкдИн со седиште во Калифорнија им овозможува на нејзините членови да изградат професионални врски кои им помагаат во нивните кариери. Исто така им помага на компаниите да пронајдат квалификувани кандидати за клучните работни места. Компанијата заработува со тоа што им наплаќа на компаниите за услугата за регрутирање и од рекламата на нејзините членови.