Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаИмперијата „Louis Vuitton“ го купува „Dior“ – еве колку чини модниот гигант

Империјата „Louis Vuitton“ го купува „Dior“ – еве колку чини модниот гигант

Францускиот милијардер Бернар Арно и неговото семејство имаат намера да ја купат целосно модната куќа „Christian Dior“ за околу 12,10 милијарди евра и потоа да ја соединат поделбата со францускиот производител на „Louis Vuitton“, „LVMH“, пренесува „Bloomberg“.

Зделката, која ќе ја обедини сопственоста на едни од најпознатите модни брендови за прв пат во последниве децении, ја оценува „Christian Dior SE“ со 260 евра за акција, што е премија од 15% над цената при затворањето на берзанското тргување во понеделникот.

Во рамките на серијата планирани трансакции „LVMH“ ќе се здобијат со „Christian Dior Couture“ која ги произведува чантите „Lady Dior“, модни фустани и машката и женската конфекција. Семејството на Арно држи 47% удел од „LVMH“, која веќе ги поседува парфемите и другите додатоци на „Dior“ благодарение на договор од 60-тите години на минатиот век за подигање на капитал за модната марка.

Зделката, која ќе се реализира преку готовина и акции, „илустрирана посветеноста на мојата семејна група и ја нагласува нејзината доверба во долгорочните изгледи за „LVMH“ и нејзините брендови“, појаснува Арно во соопштението за печатот.

Според изјавата инвеститорите во „Dior“ ќе можат да избираат меѓу плаќање во готово или во акции од конкурентот „Hermes International“. Одборите на директори на „Christian Dior“ и „LVMH“ го поддржуваат договорот и назначиле независни експерти да ги проверат условите. Арно ќе се здобие со акции во „Hermes“ во 2014-та година по противречен напор на „LVMH“ да го зголеми својот удел во компанијата.

„LVMH“, чие полно име е „LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton SE“, плаќа околу 15,6 пати добивката пред камати, даноци и амортизација за изминатата година на „Christian Dior Couture“.

Дизајнерот Кристијан Диор ја основа модната куќа во 1946-та година, со поддршка на бизнисменот Марсел Бусак, подоцна го проширува бизнисот со мириси, часовници и додатоци, и отвора продавници во Њујорк, Лондон и Токио. Дизајнерите Пјер Карден и Ив Сен Лоран исто така работат за куќата во почетокот на својата кариера. Диор почина во 1957-ма година.

извор: Денар.мк