Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЛорд Маунбатен, прв роднина на кралицата кој откри дека е хомосексуалец

Лорд Маунбатен, прв роднина на кралицата кој откри дека е хомосексуалец

Роднината на кралицата Елизабета Втора, лорд Ајвар Маунтбатен, стана првиот член на кралското семејство кој јавно се декларираше како хомосексуалец. Лорд Маунбатен вели дека му било многу полесно откако отворено започнал да зборува за својата сексуалност.

mauntbaten

Маунтбатен, 53-годишен потомок на кралицата Викторија изјавил дека и соопштил на своето семејство и на пријателите дека е хомосексуалец и дека ги запознал со својот партнер Џејмс Коил кој го запознал на скијање во швајцарското одмаралиште Вербиер во март минатата година.