Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЛокалната патна мрежа ќе се обнови со 7.2 милиони евра

Локалната патна мрежа ќе се обнови со 7.2 милиони евра

Владата предводена од Никола Груевски повторно ги потсети граѓаните дека вложува во локалната патна мрежа и оваа година во програмата се влезени 46 локални патишта, од кои 24 се веќе завршени.

patista-gruevski

„Тоа е еден од покрупните проекти што се чувствува низ Македонија. Се обидуваме во секоја општина колку што е можно повеќе да се изградат локални патишта затоа што тоа се патиштата што луѓето ги користат секојдневно“, изјави Грувески за време на посетата на општина Сопиште.

Вкупно ќе се вложат 7.2 милиони евра во изградба и реконструкција на локални патишта кои се од големо значење за жителите на помалите населени места.