Sunday, Apr 30, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеЛДП обвинува: Градската плажа е промашена инвестиција

ЛДП обвинува: Градската плажа е промашена инвестиција

liberalno demokratska partija

Либерално демократската партија вели дека уривањето на таканаречената градска плажа на кејот на Вардар покажува дека залудно се потрошени значајни средства и станува збор за комплетно промашен проект на градот Скопје.

Од град Скопје пак потенцираат дека градската плажа „Камен мост“ престана да функционира поради градежните работи кои се одвиваат на овој потег на реката Вардар. Пред нејзиното затворање, целокупната урбана опрема и елементи кои можеле да бидат отстранети, се демонтирани без оштетувања и доставени во депоата на градските јавни претпријатија.